Тенис
20. November 2015 - 10:03

Мастерс: Мареј и Вавринка во борба за полуфинале

 
Денеска на Мастерсот во Лондон се играат мечевите од 3.коло од групата „Илие Настасе“. Први на теренот ќе бидат шпанските тенисери Рафаел Надал и Давид Ферер, а потоа следува дуелот за второто место во групата Енди Мареј и Стан Вавринка. 
Табела: Надал 2-0 (победи-порази), Вавринка 1-1, Мареј 1-1, Ферер 0-2.
 
Инаку, синоќа Ѓоковиќ го совлада Бердих со 6:3 и 7:5. На првиот меч од 3.коло од групата Рожер Федерер со 2:1 во сетови (7:5; 4:6 и 6:4) го победи Кеи Нишикори.
На чело на табелата во групата заврши Федерер со скор 3-0 (победи-порази), Ѓоковиќ 2-1, Нишикори 1-2, Бердих 0-3.