Тенис
17. November 2016 - 17:04

Мастерс: Ѓоковиќ без проблеми до полуфиналето

Новак Ѓоковиќ со третата победа во групата на Мастерсот во Лондон го потврди полуфиналето на завршниот турнир. Тој попладнево во групата „Иван Лендл“ го победи Давид Гофин со 6:1 и 6:2 во сетови. Гофин на турнирот влезе како замена за повредениот Гаел Монфис.

Ѓоковиќ во сабота во полуфиналето ќе игра со второпласираниот од групата „Џон Мекинро“, каде првото место со две победи го има обезбедено Енди Мареј, кој истотака има изборено пласман во полуфиналето.

Вечерва во групата „Иван Лендл“ за пласман во полуфиналето ќе играат Милош Раониќ и Доминик Тием.