Балкан
19. May 2016 - 20:17

Масовна тепачка во затвор меѓу Албанци и Британци

Масовна тепачка се случила меѓу затвореници Албанци и Британци заради контрола на продажба на дрога во еден британски затвор.

- Филмските сцени, земени од безбедносните камери од затворот Вандсворт,во јужниот дел на Лондон, се брутални. Тепачката се случила во перидот кога затворениците се пуштаат на воздух, во дворот на затворот. Групите меѓусебно се удирале со тупаници и клоци едни со други, каде што едната група се гледа дека значително е побројна, пишува електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на британскиот таблоид „Дејли Меил”.

Еден од повредените во масовната тепачка бил транспортиран со хеликоптер во болница.

- Тепачките меѓу затворениците во британските затвори се се почести. Само во текот на минатата година регистрирани се илјадници случаи на насилство во британските затвори, каде присутна е загриженост од се помасовното присуство на дрога во затворските ќелии.Таму дрогата се доставува со дрон, што покажуваат и направени снимки, наведува Експрес.

Во британските затвори секој десетти затвореник е странец, а еден голем број, според Експрес, како што изјавил британскиот министер за правда Мајкл Гоув, се Албанци.