Масовен одѕив на државното првенство во пинг-понг
На 06-07.Мај во Штип во организација на Пингпонгарската Федерација на Македонија и ППК УГД-Штип како технички оргнизатор,се одржа 25-то Државно поединечно Сениорско првенство на Македонија.На првенството учество зедоа 60 натпреварувачи и тоа 46 машки и 14 женски пинпонгари.Машките беа поделени во 14 групи каде двајцата најдобро пласирани одат на главна табла по принцип на испаѓање до финалр.Кај жените групите беа 4,и по истиот принцип се дојде до победникот.Најдобар натпреварувач и нов Државен првак во сениорска конкуренција стана Петар Костовски од ППК Универзитет "Гоце Делчев"-Штип кој без ниеден пораз во финалето го победи Живко Апостоловски од ППК Вардар со резултат 4-2.Во борбата за трето место Сашо Стојановски од ППК Работнички -Скопје беше подобара од младиот член на ППК Младост96-Прилеп ,Александар Рикалоски.Кај сениорките прва беше Дијана Ристовска од ППК Крива Паланка и се стекна со титула ДРжавен првак во Женска конкуренција.Ристовска во финалето ја победи Ива Димитриевска од ППК КУманово со резултат 4-1.За трето место Надица Вчкова од ППК Астраион Струмица беше подобра од Биљана Младенова од ППК Градба Промет од Кавадарци со резултат 4-3.Покрај поединечнитедисциплини на Државното првество се играа и машки и женски парови и мешани двојки.Кај мажите најдобри и нови државни прваци во игра парови беа Андреј Лашкоски и Ѓоко Јочкоси кои во финалето со резултат3-1 ги победија Матевски и Јованов од Вардар.Кај жените Државни прваци станаа Ристоовска и Младенова кои во финалето беа подобри од Ана Стојановска и Ива Димитриевска.Во мешани парови прваци станаа Филип Младеновски и Надица Вчкова каде во финалето со резултат 3-2 беа подобри од Петар Митков и Тања Георгиева .Финалистите во поединечните дисциплини се стекна со право да учествуваат на Европското првенство кое од 13-17 СЕптември ќе се одржи во Луксембург.
Ново на Сител
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили