Македонија
18. January 2018 - 10:59

Маскиран разбојник ограби казино во Скопје

Ноќеска во 02.05 часот во Единицата за информации и команда Скопје вработена во казино на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје пријавила дека околу 02.00 часот непознато маскирано лице извршило разбојништво над неа.

Сторителот со закана со пиштол ги одзел парите од дневниот промет и побегнал. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.