Македонија
19. February 2017 - 16:54

Маски од Москва и Карибите ќе бидат дел од струмичкиот карневал

Струмица ги прави последните подготовки за  осумдневните карневалски свечености. Организаторите велат дека скоро се е подготвено за најголемата забава под маски во државата.  Најавуваат богата карневалска програма со многу нови содржини.  И  годинава официјалната карневалска поворка ќе брои околу 3000 учесници  од земјата,  но  и од странство. Поради совпаѓањето  на католичкиот и православниот Велигден  ќе изостане учеството на дел од традиционалните учесници од земјите од регионот, но затоа во Струмица ќе пристигнат нови карневалски групи кои досега не биле дел од овој карневал.

,, Ќе има учесници за прв пат од Москва. Имаме едно посебно изненадување, ќе имаме карневалска група од Холандските  Антили, односно Карибите  и останатите групи ќе бидат наши традиционални гости од опкружувањето, од Србија,  Црна Гора,  Бугарија,  Албанија. Значи ќе имаме околу 17 групи од странство.,, вели Александар Цицимов – претседател на карневалски  одбор

Карневалските свечености оваа година започнуваат на 22  февруари со детскиот маскенбал а завршуваат после една недела со Тримери, празникот на армасаните девојки. Главната карневалска вечер ќе биде во сабота.