Свет
3. February 2018 - 21:29

Масен: Северна Кореја набавувала делови за ракети преку нејзината Амбасада во Берлин

Северна Кореја преку нејзината Амбасада во Берлин набавувала делови за нејзините ракети, изјави шефот на германската разузнавачка агенција БфВ, Ханс-Георг Масен. 

- Проценивме дека набавката била оттука и од наша гледна точка, набавувани се делови за ракети, а понекогаш и за нукеларната програма, посочи Масен. 

Масен истакна дека германските власти спречуваат такви активности кога ќе ги откријат, меѓутоа, тој додаде дека не е возможно да бидат спречени сите случаи.