Свет
27. July 2017 - 10:31

Масакр во Кина: Се скарал со колегите, па ги избодел до смрт, а потоа почнал да ги коле минувачите

Три лица утрово се убиени, а четири се ранети во централниот дел на Кина кога маж со нож во канцеларија нападнал колеги, а потоа и минувачите на улица.

Три жртви на 40-годишниот Ванг Сианг кој ги нападнал во канцеларија после кавга веднаш биле пренесени во болница.

Полицијата пукала на него и го совладала, но не ја соопштила неговата состојба.