Свет
16. September 2016 - 13:35

Масакр: Бомбаш самоубиец уби најмалку 16 лица во џамија

Најмалку 16 лица загинаа и над 20 се повредени во нападот извршен од бомбаш-самоубиец за време на петочната молитва во пакистанска џамија во племенскиот регион Мохманд, на границата со Авганистан.

За нападот информираше заменикот-гувернер на регионот Навид Акбар, пренесува БТА.

Друг претставник на локалните власти го потврди нападот и соопшти за најмалку 24 повредени лица.