Балкан
24. April 2017 - 16:33

Масакар поради семејно наследство: Кој е монструмот кој си го уби семејеството, а потоа се самоуби во црква

Масакар во Србија. Три лица се убиени, една жена тешко е повредена , а убиецот се самоубил.  Семејната крвава драма се случила утрово во местото Бариќ кај Голубац.

Австрискиот пензионер 77-годишниот Божидар со пиштол кој го поседувал со дозвола ги убил синот Мирослав, сопругата Рада и шурата Павле, а тешко ја ранил снаата Горица. Потоа заминал кај селската црква и си пукал во глава.

Според српските медиуми  пред да го изврши повеќекратното убиство Божидар се карал со синот, наводно за ТВ Антена. Прво на улица пукал во шурата,  па во синот и снаата. Тогаш сопругата избегала кај нејзините родители, но успеал да ја стигне и убие.

Досега во полицијата семејството немало никакви пријави за насилство, но од друга страна соседите тврделе дека семејството  често имале несогласувања, а наводно мотив за трикратното убиство било тоа што Божидар целиот имот го оставил на внукот, а на оваа одлука се противеле синот и снаата.