-->
-->
Мас: Тешко е да се спречат напади од радикализирани поедници
-->
Германскиот министер за правда Хајко Мас денеска го осуди нападот на авганистанскиот мигрант кој вчера повреди дваесетина луѓе во воз северна Баварија и изјави дека напаѓачот дејствувал сам без поддршка на екстремистичка група.
Според Мас, шансите безбедносниите служби да спречат напади на индивидуалци кои што напаѓаат сами без координација со организирани групи, се мали.
„Тешко е да се превенираат напади извршени од поединци кои што не ги координираат своите акции со трети лица“, изјави Мас, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според прелиминарната истрага на германските власти 17 годишниот напаѓач кој е мигрант од Авганистан во Германија пристигнал пред повеќе од една година без придружба на родители. Се до пред две недели вчера убиениот бегалец живеел во камп за бегалци а потоа бил префрлен во семејство.
Над 15 ијади деца без придружба на родители минатата година пристигнале во Германија која само лани прими над 1,1 милиони бегалци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност