Македонија
22. March 2017 - 19:20

Марш на „За заедничка Македонија“ во Крива Паланка

Граѓаните на Крива Паланка и вечерва масовно излегоа на маршот за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Протестот почна од населба Единство, низ старата градска шаршија, долж главната улица Ссвети Јоаким Осоговски, преку центарот на градот се до зградата на Општината на плоштадот Карпошово востание.

Од собирот беа упатени пораки за отфрлање на тиранската платформа, зчувување на единствена унитарна Македонија и еднакви права за сите граѓани на државата.

Протестот заврши мирно, а од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ од Крива Паланка порачаа дека волјата на граѓаните е јасна и не треба да се заобиколува.