Македонија
13. November 2016 - 17:13

Марш на толеранцијата во Скопје

Под слоганот “Омразата е слабост”, Хелсиншкиот комитет за човекови права, со поддршка на ЛГБТ центарот и останатите здруженија од Платформата против говор на омраза, го организираа Осмиот марш на толеранцијата.

Овогодинешниот мраш организиран по повод 16 ноември, Меѓународниот ден на толеранцијата, беше посветен на борбата против говорот на омраза и почитувањето и толеранцијата на различностите.

Учесниците на маршот на толеранцијата тргнаа од пред Музеј на град Скопје па движејќи се преку Плоштад Македонија стигнаа до платото пред Универзитетот на ЈИЕ, каде што беше промовирана видео-кампања против говорот на омраза.