Кошарка
22. August 2017 - 18:15

Маркус Гинјард ново засилување за Работнички

 
 
 
Американецот, Маркус Гинјард ќе биде новото засилување на најтофејниот кошаркарски колектив кај нас екипата на Работнички,.
 
Гинјард во тимот од ,,Градски парк" доаѓа како замена за Диме Тасовски кој следната сезона ќе игра за Гостивар.
 
30-годишниот Американец со Работнички потпиша едногодишен договор 
 
Станува збор за кошаркар со големо интернационално искуство, со настапи во екипи од Германија, Израел, Грција, Франција и Полска. Пред доаѓањето во Европа, Гинјард играл за прославениот американски универзитет Северна Каролина, за кого има играно и легендарниот Мајкл Џордан и со кого дојде до шампионска титула во 2009 година. 
 
Минатата сезона беше дел од полскиот прволигаш Чарни Слупск. Американецот е второ странско засилување за Работнички во пресрет на новата сезона, по Бугаринот Чавдар Костов. За центарци летово потпиша и репрезентативецот Бојан Крстевски, а од минатата сезона останаа ветераните Димитар Мираковски и Ѓорѓи Чековски како и талентираните Виктор Ефремовски и Предраг Николиќ.