Марко (19) направил тетоважа на лицето поради која ќе се кае до крајот на животот, еве зошто
Марко Кроп (19) направил голема тетоважа преку устата додека минатата година престојувал во затвор на Нов Зеланд, од каде и потекнува.
Бил приведен затоа што со нож посегнал кон турист кој одбил да купи од него лажна марихуана, а покрај тоа го обвиниле и поради вооружена кражба.
Тој сега се жали на социјалните мрежи дека никој не сака да го вработи, поради страшната тетоважа на неговото лице. Еден работодавач му рекол дека не може да го гледа подолго од две секунди, а не да го вработи, некои пак дури и му се смееле.
Секако, не му оди во прилог ни тоа што пред полнолтеството веќе бил во затвор. Сепак, некои добронамерни луѓе на социјалните мрежи му дале совети како да ја прикрие тетоважата со помош на шминка, и дури му испратиле контакти со потенцијални работодавачи.
Инаку, тетоважа се состои од зборовите „devast8“ што во превод значи уништување.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи