Свет
26. April 2016 - 13:30

Марио Драги ќе сведочи пред Бундестагот

Германскиот парламент планира официјално да го повика првиот човек на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги во законодавниот дом да ја објасни политиката на заедничката банка на членките на еврозоната, јави дописникот на МИА од Берлин.

Драги пред германските пратеници треба да даде одговор на прашањето зошто се одлучил за ултра ниска каматна стапка која што кај дел од политичките и бизнис фактори во Германија се смета за штетна, пренесуваат германските медиуми изјави на извори во германската Влада.

Според најавите, Драги треба да сведочи пред комисиите за Европа, за буџет и за финансирање по летната пауза на Бундестагот која завршува на 5 септември.