Тенис
29. September 2016 - 14:17

Маринковиќ ја одбрани титулата

Катарина Маринковиќ од ТК Југ е шампионка на Македонија во тенис. Таа денеска во финалето на државното првенство ја совлада Ана Ристевска со 2-0 во сетови и со тоа ја одбрани титулата освоена ланската година.
17-годишната Маринковиќ беше поуспешна од Ристевска со 6:4 и 6:2  во гемови.
Машкото финале меѓу Димитар Грабул (1.носител) и Стефан Мицов (4.носител) ќе се игра утре од 16 часот на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“.
Грабул во полуфиналето го совлада Шендрит Деари со 6:1 и 6:2 во сетови, додека Мицов беше подобар од вториот носител Драган Думевски со 6:4 и 6:4.
Попладнево од 16 часот е финалето во машки двојки меѓу Стефан Мицов и Димитар Ристовски против Димитар Грабул и Предарг Русевски.