Свет
26. October 2016 - 16:44

Марина падна од 17.кат на зграда и преживеа: Се слушна врисок, а потоа падна врз автомобил

Марина Лебедева е 19-годишна жителка на Москва која падна од терасата на 17. кат и преживеа, иако се наоѓа во тешка состојба.

Домарот од зградата наведува дека слушнал вресок додека девојката паѓала, а потоа го видел нејзиното тело на покривот на автомобил.

-Само се истркала преку покривот на земја, рече домарот кој веднаш повикал итна помош.

Во болницата наведуваат дека Марина има повеќе скршеници на коските, скршен рбет и внатрешни повреди на главата и е сместена на интензивна нега.

-Марина Лебедева не остави проштално писмо, а по разговорот со нејзините роднини утврдивме дека имала проблеми во приватниот живот, наведуваат од полиција.

Foto: Facebook

Иван Кулаков, сопственикот на „голфот“ произведен 1997 година врз кој падна Марина, наведува дека девојката цел викенд се карала со своето момче.

Полицијата не е сигурна дека се работи за обид за самоубиство зошто профилот на Марина на социјалните мрежи укажува дека била активна 15 минути пред падот, наведуваат медиумите.