Свет
23. February 2017 - 18:14

Марин Ле Пен мора да и го врати на Русија кредитот од девет милиони евра

Лидерот на француската крајно-десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, мора да и го врати на Русија, по судски пат, кредитот од девет милиони евра, јавуваат француските и европските медиуми.

Во Моска е покрената судска парница, против Ле Пен и нејзната партија, за враќање на парите што ги има добиено од Прва чешко-руска банка, која од средината на минатата година е ликвидирана.

Медиумите откриваат дека кредитот бил одобрен во септември 2014 година и дека заслуга за тоа имал рускиот пратеник Александар Бабаков, поранешен лидер на руската националистичка партија Родина.

Тој сега е опфатен со санкциите на ЕУ кон Русија и нејзини државјани, затоа што поседува броен имот во Париз, но на помошта на Бабаков, на Западот се глада како на „награда„ за Ле Пен за нејзината отворена подршка на руската анкесија на Крим.

Во својата кампања за годинешниве избори во Франција, таа ветува дека ако стане претседател ке отпочне процес на Фрегзит и извлекување на земјата од евро зоната, што одговара на амбициите на Москва за слабеење и поделби во рамките на ЕУ. Но според француските медиуми, Ле Пен им ветила на Русите дека ако влезе во Елисејската палата ке ги укине санкциите кон Москва и ке го признае Крим за руска територија.

Минатиот месец, во едно свое интервју, таа одново тврдела дека анексијата на Крим „не е спротивна на законот“ што предизвика гневна реакција во Киев, по што Украина одлучи да и се забрани влез на оваа француска политичарка на украинската територија.

„Руската врска“ во крајнодесничарската француска партија, се верува дека потекнува од 2014 година, кога Ле Пен побарала и добила кредит за финансирање на активностите на нејзината партија.

Од тогаш, ЕУ и САД изразуваат загриженост за таквото мешање на Москва, особено што тоа се проширува и на други „сестрински„ партии на францускиот Национален Фронт.

Партијата на претседателот Владимир Путин, Обединета Русија, неодама потпишала договор за соработка со австриската крајно-десничарска Партија на слободата, а загриженоста се објаснува со тоа што догворот е направен на само три месеци пред изборите во Австрија.

Марин Ле Пен признава дека има проблеми со обезбедувањето пари за изборната кампања за француските избори, како и дека не и е важно „чии се тие пари и од каде се земени“ . Таа ги отфрла сите обвинувања и тврди дека не е ниту под „американската, а ниту под руската капа“, иако не демантира дека барала уште руски пари за својата активност.

Западни експерти оценуваат дека барањето за наплата на долгот од девет милиони евра, по судски пат, може да значи дека Москва се откажала од нејзините услуги, не верувајќи дека може да стане француски претседател, но затоа сега му ја дава својата поддршка на десно-центристичкиот претседателски кандидат Франсоа Фијон кој смета дека треба да се укинат санкциите кон Русија.