Џет-Сет
22. August 2017 - 11:11

Марија Шерифовиќ се прости од фановите: Уживавме, пеевме заедно, се сакавме, се вљубувавме, веревме...

По успешната летна турнеја Марија Шерифовиќ одлучи некое време да се повлече од сцената. Таа ги изненади фановите на социјалните мрежи со топла благодарница.

„Луѓе по 2 месеци дојде денот за што? Да ги исклучам апаратите. Уживавме, пеевме заедно, се сакавме, се вљубувавме, веревме, ги поправавме едни на други денови и ноќи...Сета љубов и дарба што ја имам ви ги дадов и сега навистина батериите одат на полнење, а софтверот на апдејт. Ме чека мојот мал микро свет на кој нереално му се радувам за некогаш во иднина повторно да можам да пеам за вас некои нови и најубави песни“, напиша Марија која отиде на заслужен одмор.