Македонија
17. July 2017 - 14:42

Марија Пупоска од Струга прва придружничка на MISS DEAF WORLD 2017

 Марија Пупоска од Струга е избрана за прва придружничка на MISS DEAF WORLD 2017, што се одржа завчера во Прага.

На изборот Пупоска ја претставуваше Македонија како член на Националниот сојуз на глуви и наглуви.

- Светот на тишината  ја препозна македонската убавина. Марија Пупоска од Струга како претставничка на  Македонија ја крунисаа како прва придружничка  на  MISS DEAF WORLD 2017, која со својата скромност и убавина  ги освои  срцата на годишниот избор од светски рамки, наведува Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија.