-->
-->
Марија оштети брана која може потполно да пукне
-->
Последиците од катастрофалниот ураган Марија и во наредниот период може да претставува голем проблем за веќе разорениот Порторико.
Браната Гуахатака која се наоѓа на северозападот на државата би можела потполно да пукне доколку продолжи приливот на вода.
Браната напукнала по ураганот од петта категорија, потврди гувернерот на Порторико, Рикардо Росељо.
-Браната пропушта вода. Дел од неа е изграден од бето, а дел од земја, така што водата поминува меѓу нив, ерозијата е зголемена, постои опасност дека во некој момент може потполно да пукне, истакна Росељо.
Тој дел на Порторико се уште е отсечен од светот, така што спасувачите и надлежните служби морале да одат од куќа во куќа за да ги предупредат жителите на можна катастрофа.
Се проценува дека доколку браната продолжи да пука, во опасност ќе бидат околу 70.000 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација