Марфи: На Балканот е постигнат голем успех
На Балканот е постигнат голем напредок, но сѐ уште има предизвици во форма на корупција, поради што Европската унија е одржлив пат кон иднината, порача сенаторот од редовите на демократите Крис Марфи.
- Има огромен напредок на Балканот и ова е приказна што треба да продолжи, но сé уште има предизвици. Тоа е борбата против корупцијата во регионот, поради која би требало јасно да ставиме до знаење дека Европската унија е и натаму е одржлив пат за иднината, затоа што интеграцијата е една од работите што ги поттикнува реформите кога станува збор за корупцијата , изјави Марфи.
Тој, на Трансатлантскиот економски форум оцени дека расте влијанието на Русија во регионот.
- Руското влијание во регионот расте. Вложуваат повеќе пари во невладините организации, се обидуваат да купат медиуми за да ја зборуваат својата приказна, рече тој.
Марфи вели дека САД „конечно Стејт департментот започнаа операции за спротивставувањена пропагандата", но истакна дека сè уште заостануваат, особено на Балканот.
Ново на Сител
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите