Тенис
21. јуни 2017 - 9:54

Мареј: Поразот не значи дека нема да играм добро на Вимблдон

Британецот Енди Мареј вчера е елиминиран уште во првиот меч на АТП турнирот во квинс и им приреди уште едно разочарување на своите навивачи. Сепак Мареј вели дека овој пораз не мора ништо да значи.
 
- Секако ова не е идеално сценарио пред почетокот на Вимблдон. Но треба да се нагласи дека и во минатото имаше примери каде играчи оделе на Грен слемот во Лондон без многу успешни игри на трева па таму одиграле одличен турнир. Ова не значи дека нема да играм добро, но повеќе би ми било од корист да одиграв уште некој меч на трева, истакна Мареј.
 
Првиот светски рекет на Грен слемот Вимблдон кој почнува на почетокот на јули ќе го брани трофејот.