Тенис
25. May 2017 - 11:48

Мареj изненаден од одлуката на Ѓоковиќ да тренира со Агаси

Светскиот рекет број 1,  Енди Мареј е воизненадуен од одлуката на Новак Ѓоковиќ да го отпушти комплетниот тренерски тим и во следниот период да работи со поранешниот најдобар светски играч Андре Агаси.
 
- Бев изненаден кога Ѓоковиќ соопшти дека ќе работи со Агаси. Тоа е секако позитивна работа за Новак и добра за тенисот, што големите играчи се тука. Не ми е познат нивниот договор, но од тоа што го знам Андре е премногу зафатен и со други работи, а има и своја тениска школа во Лас Вегас.
 
Мареј во ланското финале на Ролан Гарос загуби од Ѓоковиќ, а токму овој Грен слем турнир почнува во недела 28 мај