Тенис
7. November 2016 - 17:28

Мареј и официјално број 1 на АТП листата

На врвот на АТП листата Енди Мареј го симна од „врвот“ Новак Ѓоковиќ, по 122 недели на првото место (Ѓоковиќ има вкупно 223 недели како број 1). Мареј сега е прв со 11.185 бодови, а Ѓоковиќ има 10.780. Во ТОП 10 редоследот е следен: Стан Вавринка, Милош Раониќ, Кеи Нишикори, Гаел Монфис, Марин Чилиќ, Рафаел Надал, Доминик Тием и Томаш Бердих. Мареј е 26-тиот тенисер кој е на местото број 1 на АТП листата.
Голем пад има Рожер Федерер, кој со 2.130 бодови се наоѓа на 16.место и првпат по 2002 година не се наоѓа меѓу десетте најдобри тенисери. Федерер последниот меч во 2016 година го одигра на полуфиналето на Вимблдон, а поради повреди направи пауза.