Тенис
16. October 2016 - 14:19

Мареј го освои Мастерсот во Шангај

 
 Британецот Енди Мареј е победник на Мастерс турнирот во Шангај, Кина, откако денеска во финалето го совлада шпанскиот тенисер Роберт Баутиста-Агут со 2-0.
 
Во меч кој траеше еден час и 37 минути многу понеизвесен беше првиот сет која заврши 7:6 во тај-брејкот 7:1, додека во вториот Британецот со убедливи 6:1 го надигра својот ривал.
 
За вториот светски рекет ова беше 41. АТП трофеј, трет триумф во Шангај, шести трофеј оваа сезона и 13. од Мастерс серијата.
 
Турнирот се играше за награден фонд од 5,45 милиони долари.
 
Со новиот трофеј Мареј ќе добие нови бодови на АТП ранг листата и од утре уште повеќе ќе се доближи до водечкиот Новак Ѓоковиќ