Бизнис
21. March 2017 - 20:02

МАПАС ќе ја следи и контролира продажбата на НЛБ пензиски фонд

Речиси 220-те илјади осигуреници во НЛБ Нов пензиски фонд не треба да стравуваат за своите пензии. Продажбата на фондот нема да влијае врз нивните заштеди. Само ќе се промени името на новиот сопственик. Парите на идните пензиоенри, околу 370 милиони евра, се сигурни,  уверуваат од МАПАС.

Минатата недела Нова Љубљанска банка ја започна процедурата за барање инвеститори за откуп на 100% од капиталот на НЛБ нов пензиски фонд,кој управува со парите на осигурениците од задолжителниот втор столб и со доброволниот, трет столб.

Од Агенцијата за супервизија на осигуривањето велат  дека активно ќе го следат процесот на продажба на НЛБ нов пензиски фонд. Очекуваат дека продажбата ќе заврши за околу 2-3 месеци.