Македонија
20. March 2018 - 16:34

МАНУ со платформа за името до владата- се противи на уставни промени, ерга омнес и не преведено име

МАНУ доставила платформа за спорот со името до Владата за поткрепа на македонските позциии во преговарачкиот процес изработена од МАНУ.  Платформата се уште е тајна, но денеска Акедмијата ги објави петте клучни точки во нејзе.

Академиците сметаат дека Македонија мора да гради добрососедски и пријателски односи со Грција. Но тие нагласуваат дека спорот за иметот е само билатерален и тоа само за името на државата, никој нема право да преговара за идентитетските прашања и промена на Уставот, не е прифатлива непреведена географска одредница и не е прифатливо ерга омнес решение.

Акедемија денеска се изјаснија и за второто клучно политичко  прашање – законот за употреба на јазиците. Општиот став на претседателството на МАНУ е дека потребно унапредување на јазичните права на етничките заедници, но дека мора да бидат почитувани Уставот и законите и дека не се потребни инспекторати и казни за унапредување на некој јазик.

Фити вели дека не може МАНУ да ја коментира процедурата, за тоа ќе се произнесе Уставниот суд, но мора при носење на законите да се почитува деловникот, законот за собрание уставот..и дека не може да се унапредува употреба на јазик со инспекторат и казни.

И дургите академици се изјаснија за законот.

Ќулафкова вели дека со новиот зкаон за јазицви се ревидира македонскиот јазик како што е дефиниран со Уставот, го доведува во прашање и предизвикува ситуации во кои макеоднскиот јазик.

Академијата ќе се вклучи и во спроведувањето на Договорот со Бугарија со тоа што е формирана меѓуакадемска група меѓу МАНУ и Бугарската академија за конкретизација на она што е утврдено во спогодбата. МАНУ побара и доследно спроведување на реформите од 3-6-9 планот., вели Старова