Џет-Сет
1. July 2016 - 21:36

Манекенот Александар добро ја искористи Цеца - погледнете зошто

Пред да биде со пејачката, Алекандар Јововиќ за моден ангажман барал 500 евра, а сега бара шест пати повеќе пари. Цеца му помогнала на 16 години помладиот Александар Јововиќ со кој  до неодамна беше во анонимна врска и сега тој стана еден од најбараните манекени во модниот свет. 

Како што дознава српски Курир, манекенот до неодамна добил понуда за рекла за еден моден бренд, а тој во стилот на голема ѕвезда побарач хонорар од 3.000 евра што тоа е шест пати повеќе пред да биде со Цеца.