Фудбал
13. September 2017 - 19:07

Манчини: Сакаме од Скопје да се вратиме со победа

Вдардар утревечер против рускиот Зенит ќе го игра првиот меч во групната фаза во Лига Европа.
 
Попладнево својот единствен тренинг на Арената „Филип Втори“ го одржа и руската екипа. 
 
На прес конференцијата тренерот на гостите Италијанецот, Роберто Манчини, не е загрижен за лошата напаѓачка  форма во која се неговите избраници, иако дополнително работата ќе им ја отежни и цврстата вардарова одбрана. 
 
„Сите играчи кои дојдоа во Скопје се подготвени да играат. Го анализиравме Вардар. Сигурно дека не чека тежок дво-меч. Вардарци имаат добра одбрана. Од друга страна, нашите последни два меча без голови не ме загрижуваат. И покрај тоа што не играме Лига на шампиони, амбициите се исти, да победуваме. Така ќе биде и на овој натпревар во Лига Европа. Сакаме да си одиме со три бода од Скопје“, изјави Манчини.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Зенит се игра в четврток од 21.05 часот,