Манчевски: Неделава извештај за вработувањата и за бројот на јавната администрација
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска најави дека во текот на оваа недела Владата ќе излезе со детален извештај сите вработувања од новата Влада, но и за вкупниот број на вработени во јавниот сектор.
- Во текот на оваа недела, многу побрзо од предвидениот рок ќе доставиме детална информација за сите вработувања. Ќе се види дека се создава фама околу нешто што апсолутно е согласно закон и не постои никакво гломазно вработување, но исто така ќе излеземе и со детална информација за сите незаконски, илјадници незаконски вработувања во периодот од распишувањето на парламентарните избори до креирањето на новата Влада, како и со многу детален извештај за, можам да кажам, измамата околу вкупниот број на вработени во јавниот сектор, изјави министерот Манчевски одговорајќи на новинарски прашања при промоцијата на новата инвестиција во InPlayer.
Во врска со поставувањето нови кадри на клучни позиции во власта, рече дека има доволно време и оти она што го прави новата Влада е да ги постави соодветните кадри, а не, како што рече, насилно поставување кадри на одредени позиции.
- Она што за разлика од претходната влада го правиме, не се случува во еден ден со насилно поставување на кадри на одредени позиции, туку навистина ги наоѓаме соодветните луѓе коишто треба да ги исполнат соодветните услови за да може соодветно да одговорат на задачите. Но, апсолутно не очекувам никаков проблем и тоа во многу брзо време ќе биде завршено, рече Манчевски.
Појасни дека станува збор за процес во кој сите коалициски партнери во Владата да најдат соодветни кадри за соодветна позиција.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација