Македонија
19. September 2016 - 16:31

Манчевски: Намален е за 2.000 бројот на средношколци во Скопје

Во оваа 2016/2017 година средните училишта во Скопје останаа попразни за околу 2.000 ученици. Секоја учебна година се намалува бројот на запишана ученици во средните училишта.На пример, во учебната 2007/2008 година, во средните училишта во Скопје биле запишани 6.471 ученик. Денеска, оваа бројка е 4.804 средношколци. Овие тенденции на намалување на бројката на запишани средношколци за жал не се само одлика на главниот град, туку тоа се случува насекаде низ државата. Погубните политики на Никола Груевски ги натераа младите да ја напуштат Македонија. Младите не сакаат да живеат како робови на фамилијата на власт. Ние сите, овие генерации денеска ја имаат историската одговорност да го прекинеме трендот на иселувања. На одвојувања на деца од родители. На одлевање на интелигентни и млади луѓе во странство.  Ќе обезбедиме животен стандард којшто на семејствата ќе им обезбеди да ги образуваат своите деца во Македонија. Ќе обезбедиме услови за започнување бизнис на младите, ќе обезбедиме и младинска гаранција којашто на сите оние кои ќе завршат со образованието ќе им гарантира работно место, пракса или доквалификации, истакна Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Град Скопје.