Фудбал
24. November 2016 - 10:30

Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампиони

Екипата на Манчестер Сити на коло пред крајот на групната фаза, обезбеди пласман во осминафиналната рунда во Лигата на шампиони. 
 
Нерешениот резулат на синоќешното гостување во Менхенгладбах кај Борусија беше доволен за Манчестер Сити да го осигура второто место на табелата во Ц групата, а со тоа и да избори место меѓу шеснаесетте најдобри во ЛШ. 
 
Единствена отворена дилема во првата половина од групите (А – Д) останува кои две екипи од Б конкуренцијата ќе играат во осминафиналето. 
 
По нерешени резултати на натпреварите во Неапол и Истанбул, три екипи, Наполи, Бенфика и Бешикташ, се во само еден бод разлика, па во последното коло ќе се решава кои две екипи ќе продолжат понатаму. 
 
Комплетни резултати и табели по натпреварите од 5.коло во Лигата на шампионите, одиграни вчера:
 
А група: Арсенал – ПСЖ 2-2 и Лудогорец – Базел 0-0.
Табела: *Арсенал 11, *ПСЖ 11, Базел 2, Лудогорец 2.
 
Б група: Наполи – Динамо Киев 0-0 и Бешикташ – Бенфика 3-3.
Табела: Наполи 8, Бенфика 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 2.
 
Ц група: Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити 1-1 и Селтик – Барселона 0-2.
Табела: *Барселона 12, *Манчестер Сити 8, Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 2.
 
Д група: Атлетико Мадрид – ПСВ 2-0 и Ростов – Баерн Минхен 3-2.
Табела: *Атлетико Мадрид 15, *Баерн Минхен 9, Ростов 4, ПСВ 1.
 
Последното 6.коло во групната фаза на програмата е на 6 и 7 декември.