Фудбал
16. December 2016 - 11:01

Манчестер Сити го сака Коке

Шпанските и англиските медиуми шпекулираат дека Гвардиола го посочил 24-годишниот фудбалер на Атлетико, Коке, како фудбалер кој може да ги реши проблемите кои Сити ги има во средниот ред.
 
Инаку проблемите на Гвардиола се зголемија со повредата на Илкај Гундоган за кого според некои прогнози оваа сезона е завршена.
 
Трансферот на Коке нема да биде лесен за реализација дури и за финансиски моќен клуб каков што е Манчестер Сити. Откупната клаузула која во договорот ја има шпанскиот репрезентативец изнесува 150 милиони евра.
 
Според медиумите во Шпанија и Англија, Атлетико и да се согласи да го продаде Коке, кој со Гризман е највлијателниот играч во тимот, тоа нема да биде за сума помала од 100 милиони евра.