Loading Video...
Фудбал
19. March 2018 - 12:32

Манчестер Ј. - Тотенхем и Челзи – Саутемптон во 1/2.финалето на ФА Купот

Во англискиот ФА Куп познати се двојките за полуфиналето.
 
Манчестер Јунајтед  - Тотенхем  и Челзи – Саутемптон ќе играат во полуфиналето на најмасовното фудбалско натпреварување во Англија ФА Купот. 
 
Ова е исходот од синоќешната ждрепка, а по комплетирањето на четвртфиналната рунда, во чиј последен меч Челзи како гостин го победи Лестер со 2-1 дури по продолжението. 
 
„Сините“ од Лондон поведоа со голот на Алваро Мората во 42.минута, а Џејми Варди во 76-тата го израмни резултатот и се избори за дополнителни 30-минути. 
 
Во нив решавачкиот момент се случи во 105.минута кога Шпанецот, Педро беше стрелец на вториот гол за Челзи. 
 
Полуфиналните како и финалниот меч ќе се играат на Вембли. Дуелите за влез во големото финале се закажани за 21 и 22 април, додека борбата за трофејот ќе се одржи на 19 мај.