Ракомет
19. January 2017 - 22:00

Манасков: Среќни сме што го освоивме третото место

Левото крило на македонската репрезентација Дејан Манасков поради повреда не го заврши дуелот. При постигнувањето на петтиот гол за Македонија Манасков се пожали на повреда и во 52.минута го заврши натпреварот, а во микс зоната изјави:

-   Што да се каже по овој натпревар – конфузен. Не сме ние ако не одиграме ваков натпревар. Се се решава во последен напад, на последните превнства. Среќни сме што го освоивме тоа трето место што пред натпреварот го посакувавме. Одиме на Норвешка, а јас и Миркуловски сме проблематични поради повредите и се надевам дека ќе стегнеме заби и ќе играме.