Ракомет
13. January 2017 - 11:47

Манасков: Мислевме само на победа

Македонската репрезентација тешко стигна до победата на дуелот со Тунис на стартот од шампионатот во Франција. Левото крило Дејан Манасков дуелот го заврши со 7 голови.

-  Главна цел беше победа. Само тоа не интересираше - победа. Во првиот дел игравме со падови и искачувања. Тие водеа на полувреме дека промашивме неколку зицери. Покажавме карактер кога губевме, се вратимве од – 4 стигнавме и до +4. Треба да продолжиме без еуфорија смирено.
 
Манасков во еден момент од вториот дел се повреди, но брзо се врати во игра и во финишот реализираше три контри.