Манафорт обвинет дека плаќал странски политичари да лобираат за украинска Влада
Против поранешниот шеф на кампањата на претседателот Доналд Трамп Пол Манафорт е подигнато ново обвинение од страна на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, дека во 2012 и 2013 година тајно им плаќал на поранешни високи европски политичари да лобираат за проруската Влада на Украина.
Според обвинението, Манафорт префрлил над два милиони евра на неименувани поранешни европски политичари.
Тој ја создал т.н. „Хабсбуршка група“, составена од поранешни политичари, која требало да се појавува јавно и да прави независни проценки за активностите на украинската Влада.
Според обвинението, тие политичари давале изјави како аналитичари, но во исто време биле платени лобисти. Дел од прикриеното лобирање се случувало во САД.
Со групата раководел поранешен европски канцелар, кој во обвинението бил именуван како „странски политичар“ и дејствувал во координација со Манафорт.
Обвинението е покренато откако поранешниот деловен партнер на Манафорт, Рик Гејтс ја призна вината за обвиненијата против него.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж