Свет
6. March 2018 - 9:00

Малта ја намали возраста на која граѓаните добиваат право на глас

Парламентот на Малта ја намали од 18 на 16 години возраста на која граѓаните можат да добијат право за гласање на избори.

Сите 64 пратеници во Парламентот ја одобрија промената.

Малта е втора држава во Европската унија по Австрија која ја намали возраста за добивање право на глас.

На изборите за Европскиот парламент во 2019 година жителите на Малта на 16 и 17 години ќе имаат можност да гласаат за првпат.

Таа промена не беше ширико одобрена во општеството, јави ДПА.