Македонија
19. October 2017 - 13:26

Малолетно девојче од Велес исчезна во Ресен

Вчера во 09.30 часот во Полициска станица Ресен, И.У.(36) од Велес, а со привремен престој во Ресен, пријавил дека на 17.10.2017 година околу 22,30 часот од куќата во која престојуваат исчезнала неговата 14 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.