Македонија
20. October 2017 - 13:44

Малолетник преживеа пекол на Железничка

Претепан малолетник на Железничаката станица во Скопје.

- На 19.10.2017 година во 20,30 часот, З.Ф. (51) пријавил дека истиот ден околу 12,15 часот во Скопје, на бул. „Кузман Јосифоски-Питу“ на автобуска постројка под Железничка Станица-Скопје, кон неговиот 16 годишен син, кој бил заедно со неговите двајца другари на возраст од 15 и 16 години, додека чекале автобус,  се доближила поголема група од непознати лица на возраст од околу 15 до 17 години и едно од лицата почнало да го удира едниот малолетник во пределот на глават. Потоа бил нападнат и синот на пријавителот, по што напаѓачите  избегале во непознат правец, соопштуваат од МВР. 

Полицијата го расчистува случајот.