Бизнис
28. December 2016 - 17:04

Малку жени се на раководни фунцкии - Само 4% од нив се директори на компании кои котираат на берза

Многу малку жени се на раководни фунцкии. Само 4 отсто  од нив се директори на  компании кои котираат на безра.  12 проценти се поставени на раководни функции во јавниот сектор, а во приватниот шест отсто од женисе се менаџери. Овие бројки покажуваат дека Македонија во однос на позиционирањето на жена заостанува во регинот.

Од агенцијата за вработување велат дека со државните мерки за вработување се води сметка да се обезбеди полова рамноправност. Според потадоците на агенцијата над 50 отсто од учесниците во мерките се жени.

Жените  најчесто отвораат бизниси во услужниот сектор , но се почесто ги има и во осигурувањето и во финансиите. Послабо се застапени на позиции кои се добро платени. Податоците од  анкетите покажале дека жените сметаат дека во земјава има добри услови за водење на бизнис, но за разлика од мажот тие повеќе се плашат од неуспех од  при отворање на фирма.