Бизнис
14. March 2018 - 19:53

Малите фирми бараат посериозна поддршка од Владата за да не пропаднат

Во услови кога најголем дел од фирмите пропаѓаат државата ќе помага само на оние кои работат успешно, сметаат дел од бизнисмените.

Тие прашуваат зошто Владата не им помага на оние со блокирани сметки, а такви се над 40 отсто од вкупниот број.

Има ли Стратегија како овие фирми да застанат повторно на нозе и да придонесат да задзрави целото стопанство. Од  Фондот за иновации одговорија - Планот за економски раст нема да ги спасува фирмите од пропаѓање и не е создаден да ги решава проблемите во економијата.

Најголем дел од фирмите не се доволно информирани за деталите и условите за аплицирање за мерките од третиот столб од планот. Но од Фондот велат има голем интерес. Најголем дел од нејаснотиите се околу тоа дали можат да аплицираат со два проекти, што се подразбира под иновација и дали може да аплицираат за повеќе мерки одеднаш.

Деспотовски појасни дека за првпат се воведува можноста да се финансира технолошкиот развој на микро малите и средни фирми. Тие ќе можат да применат нова технологија да добијат помош и да станат поконкурентни на пазарот.

Првиот повик за мерките од третиот столб  од владиниот план ќе биде објавен до крајот на месецов. Компаниите имаат на располагање вкупно 10,5 милиони евра за цела 2018. Следните повици ќе бидат објавени во јуни и септември.