Балкан
22. October 2017 - 20:30

Малиот херој и пркоси на болеста: Раде (10) ја победи парализата и сега вози велосипед

Радивој Шијак од Ковиљ има 10 години. Тој црта, чекори, а оваа година научи и да вози велосипед...Што има тука чудно, тоа го прават сите деца, ќе речете. Но грешите. Малечкиот Раде е херој!

Тој боледува од церебрална парализа. Возењето велосипед и цртањето за него беа само сон. Роден е како здраво бебе, но по 13 дена доживеал клиничка смрт. Се извлекол, но на две години му е дијагностицирана церебрална парализа, а на седум добил и епилепсија. Благодарение на луѓето кои донираа пари за неговото лекување, ова храбро момче полека ги исполнува своите долгогодишни желби. По две трансплантации на матични ќелии успеа првпат да застане на нозе, ги направи првите чекори и да води велоспиед.

Одличен ученик

-Искрено, не се надевав м,ногу, но одлучивме да пробаме. Минатата година во јули ја имаше првата трансплантација на матични ќелии. После тоа успеа првпат да застане на нозе и да ги направи самостојно првите чекори, раскажува мајката Андреа Шијак.

Радивој се уште не може самостојно да оди, но мајката вели дека тој не се откажува и дека се труди секој ден самостојно да чекори.

-Кога ги направи првите чекори беше пресреќен. Не викаше да го видиме. Заплакав од среќа. После долгата терапија со матични ќелии, во јули сам седна на велосипед, сам ги стави нозете на педалите. Сега сам вози и тоа е атракција. Малку е да се каже дека е среќен, вози под полна опрема сосе кацига, а ние трчаме по него, горда е Андреа.

Раде оди во петто одделение во ОУ Лаза Костиќ и е одличен ученик.

-Прифатен е од другите деца и немавме никакви проблеми. Ние го носиме на училиште, има придружник кој е таму со него. Почна самостојно да го држи моливот, што претходно не можеше. Се  уште не може сам да пишува, но затоа црта и сенча, тоа му успева и упорен е. Сега и зборува поразбирливо и сите убаво го разбираат, вели Андреа.

Оптимизам

-Лекарите од Украина се презадволни од резултатите на Раде. Немал епи -напади веќе година дена. Неговата состојна е доста поправена, но не чекаат уште трансплантации, се уште не е готово. Но не се предаваме! Би сакала да го видам Раде како трча, а се надевам дека таа жалба ќе ми се исполни.