-->
-->
Малиот глобус во „супер џи“ за Вајрајтер
-->
Тина Вајрајтер од Лихтенштајн го освои малиот кристален глобус во супервелеслалом откако денеска во Аспен на последната трка сезонава во оваа дисциплина победи пред директната конкурентка Илка Штухец од Словенија. Вајрајтер патеката ја мина за 1:11.66 минута и имаше 35 стотинки подобро време од Штухец, додека место на подиумот како третопласирана избори Федерика Брињоне од Италија која имаше само стотинка послабо време од Штухец.
За победата Вајрајтер освои 100 бодови и со вкупно 435 е прва во „супер џи“, пред Штухец со 430.
Во генералниот пласман води Американката Михаела Шифрин со 1523 бодови, пред Штухец со 1325.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка