Живот
22. December 2017 - 15:45

Малиот Дејан (3) ќе биде погребан покрај дедо му Бора Тодоровиќ

Трагично загинатото момче Дејан (3), син на актерот Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана, ќе биде погребано покрај неговиот дедо, исто така актер, Бора Тодоровиќ.

Како што пишува телеграф.рс, малиот Дејан ќе биде кремиран во сабота 23. декември во 16 часот на белградските нови гробишта.

- Ние сме агностици и нашиот син ќе биде кремиран, објаснила неутешната мајка на момчето. Таа додала дека обдукцијата покажала дека Дејан починал на мистериозен начин. Немало труење ниту пак срцето престаноло да му работи, а немали ниту никваква болест.

И на докторите им е енигма како настанала изненадувачката смрт, нагласува скршената Ана Тодоровиќ.

- Бебето ќе заспие, па ќе се задуши, но тој има три и пол години и реагира ако не може да дише, ќе се помести, кажала  Ана низ солзи.

Инаку, ова е трета смрт што во последните неколку години го има погодено семејството Тодоровиќ. Прво, пред три години Жика останал без татко му Бора Тодоровиќ, кој исто така починал ненадејно, а минатата година во август починала и неговата тетка Мира Ступица.

Тригодишниот Дејан починал во сон од синдромот изненадувачка смрт кога по контролниот преглед кај лекарот, се вратил дома, каде што бил легнат во кревет. Два часа потоа, бил пронајден со помодрени усни, задушен во постелнината од која не станал.