Балкан
17. July 2017 - 17:23

Мал херој со големо срце: Јован секое утро продава малини на пат само поради една причина!

Секое утро осумгодишниот Јован Гајиќ заминува да бере малини со неговата сестра. Сите набрани веднаш ги сортира во пластични пакувања и ги продава покрај пат.

Јован е од селото Ситница, Манјача а од претходната година продава малини за да заработи за книги и училишен прибор. И оваа година се одлучил на таков чекор, пренесува РТРС. Кусур вели дека знае да врати, бидејќи математика добро му оди.

Заедно со сестрата Јована, која завршила 7-мо одделение, продава малини покрај пат. Јован инаку е најмал од вкупно четири деца. Toj од рано утро до касно навечер седи покрај пат и нуди сочни малини на минувачите.

Меѓу изненадните гости на Петровден кај Јован на неговиот импровизиран штанд на стара дрвена клупа бил министерот за образование и култура, Дане Малешевиќ.

- Малиот Јован е вредно дете. Заврши 3-то одделение, по српски јазик има четворка но сите други му се петки. Веднаш ме препознаа и тој и сестрата Јована и веднаш дотрчаа во прегратка. Тоа многу ме израдува и ми го направи денот поубав - се пофалил министерот Малешевичќ.

- И оваа година ќе обезбедиме се за училиште на Јована и Јован бидејќи тие тоа го заслужуваат. Вредни се, помагаат на родителите, а освен малини чуваат добиток и работат многу тешки земјоделски работи. Исто така нивната мајка е вработена како служител во училиштето во селото, што е допринос на ова сиромашно семество кое се труди сите 4 деца да ги изведе на прав животен пат - вели Малешевиќ.