Македонија
29. March 2016 - 16:30

Макрадули, Шекеринска, Најчевска се фантоми според СДСМ

Секој ден ги гледаат, со нив пијат кафе, а сепак ги сметаат за фантоми. Списокот на сомнителни гласачи кој денеска го објави ДИК ги исфрли на површина сите манипулации на опозициската партија. По 38 години, Радмила Шеќеринска денеска за прв пат дозна дека има фантомска сестра. Според списокот Лилјана Шеќеринска Ѓорѓевиќ доаѓа од редот на фантомските гласачи. Фантомски било и речи си целото претходно раководство на СДСМ. По серија шеги на сметка на избирачкиот список, Јани Макрадули од денеска и дефинитивно стана фантом. Името на поранешниот потпретседател на Собранието може да се најде на списокот гласачи кои неговата партија ги нарекува фантомски, а дали Макрадули навистина постои денеска не можеше да утврди ниту Сител, бидејќи тој, не одговараше на оној телефонски број кој ние го знаевме додека го сметавме за реален.

Иста приказна и со Гордан Георгиев. Поранешниот потпретседател на СДСМ навистина се повлече од политичката сцена заедно со Бранко Црвенковски, а според ДИК и СДСМ од тогаш, тој најверојатно се претворил во фантом. Постои навистина или не, денеска не можеше да се утврди бидејќи на неговиот телефон не се јавуваше никој.
Пред неколку дена промовира нов студентски дом за кој немаа имотен лист, а денеска дознавме дека се фантоми.  Нејасно е како Фиат и Сефер Цаноски ќе ја комплетираат документацијата пред катастарот ако се знае дека и двајцата од денеска и официјално станаа фантоми. Проблем ќе има и Катица Јанева ако сака да одработи за случајот Космос и тоа не само бидејќи ќе мора да штити еден фантом, туку поради тоа што во реализацијата на сценариото ќе мора да и помага  друг фантом. Нејзиниот обвинител Гаврил Бубевски исто така е фантомнски гласач, што го поставува прашањето, кому му е кум адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски.
Многу фантоми и во соросвиот опозициски медиумско експертски камп. Мирјана Најчевска е еден од нив. За разлика од останатите, за неа денеска утврдивме дека навистина постои. Таа одговори на повикот на Сител, но не собра храброст да даде изјава коментирајќи дека нашиот медиум, не бил релевантен.
Ако пред неколку дена го видовте на телевизија денеска сигурно се прашувате, како Ерол Ризаов за само 4 дена стана фантом. Нејасно е дали е во прашање некоја нова технологија на македонските телевизии или пак Ризаов може кога ќе посака од фантом да се претвори во вистински човек.
Меѓу новинарите фантом стана и Ида Протуѓер што е една од можните причини поради која во последниот период, нејзините текстови не може да се прочитаат во медиумите. Фантом е и уредничката на Вечер Ивона Талевска, а со фантомски проблеми се соочува и шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби.
Списокот на ДИК и предизвика огромни загуби и на македонската музика. Од денеска од реалните се сели во фантомите и виртузот на хармоника, Горан Алачки.
Но тоа не е доволна причина оние кои не се претворија во фантоми во СДСМ да се откажат од мисијата за фанотмизација на Македонија

Списокот за теренска проверка кој денеска го објави ДИК според експертите зборува за очајот во опозициските редови. Според нив, по комплетирањето на проверката, опозицијата ќе остане без ниту еден аргумент кој ќе и овозможи преку избирачкиот список да ги проблематизира изборите на 5 јуни.