Македонското друштво „Илинден“ бара итно ослободување на Едмонд Темелко
Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, искажуваат огромна загриженост и вознемиреност за влошената здравствена состојба на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ), кој се наоѓа во притвор во Македонија.
- Во име на сите Македонци бараме итно ослободување на Едмонд Темелко, еден од најголемите поборници за нашите права во Албанија. Во исто време апелираме до македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори за да помогнат да се дозволи потребната лекарска нега за Темелко, се наведува во соопштението.
Натаму се истакнува дека се придружуваат на претседателите на Македонија и на Албанија, Ѓорге Иванов и Илир Мета, кои веќе изразија загриженост за здравствената состојба на Темелко.
- Ваквата загриженост добива уште поголемо значење поради неговото апсење без никаква негова вина. Држењето во затвор на Едмонд Темелко го оценуваме за антимакедонско, со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Албанија, се оценува во соопштенето потпишано од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.
Ново на Сител
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО